Една доза од вакцината на Фајзер  штити 92,6 проценти, канадски епидемиолози бараат поголемо растојание меѓу две дози

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Канадскиот епидемиолог од Центарот за контрола на болести во Британска Колумбија Данута Сковронски, и епидемиолог на Националниот институт во Квебек Гасон де Серес , апелираа на светските влади да направат поголемо растојание меѓу давањето на две дози на вакцината на Фајзер, бидејќи тврдат дека утврдиле дека по давање на една доза ефикасноста е 92,6 проценти. 

Тие своите откритија ги предале на американската Агенција за храна и лекови, јави Ројтерс.

Нивните тврдења се слични со оние во кои наведоа дека ефикасноста на една доза на вакцината од Модерна мРНА-1273 е 92,1, што е објавено во медицинскиот магазин „Њу Ингланд џурнал“

Сковронски и Де Серес предупредија дека постојат нејаснотии околу тоа колку трае заштитата по давање на една доза на вакцината, но нагласија дека давањето на втората доза еден месец по првата, ја зголемува користа од вакцинацијата на што повеќе луѓе во одреден период.

„ПОради застојот на дистрибуција на вакцините, одложувањето на втората доза е прашање на закана по националната безбедност, која ако се игнорира сигурно ќе резултира со бројни хоспитализации и на илјадници смртни случаи оваа зима во САД“, предупредија авторите.

Во одговорот на компанијата Фајзер порача дека алтернативно дозирање на вакцината уште не е проценето и дека одлуката да се направи такво нешто е на здравствените работници на земјите кои ја користат нивната вакцина. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот