Еди Рама / Фото EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Еди Рама со нова чистка: разрешени се првиот човек на албанската полиција и директорот на полицијата во Тирана

Како причина за разрешувањето на Илир Прода и Елтон Аљуши се наведува неуспехот да се гарантира ред и безбедност за време на протестот на опозицијата, при што биле загрозени животите на странски државјани.

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги разреши генералниот директор на албанската полиција, Илир Прода, и директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши, објави „Балкан веб“.

Според информациите, како причина за нивното разрешување се наведува неуспехот да се гарантира ред и безбедност за време на протестот на опозицијата, при што биле загрозени животите на странски државјани.

ВИДЕО | Пожар во поранешната вила на Хоџа за време на инциденти во Тирана

За потсетување, тензии беа регистрирани кај Вила 31, поранешната резиденција на диктаторот Енвер Хоџа, кога демонстранти фрлале молотови коктели и пиротехнички средства, додека во објектот се наоѓале странски граѓани, бидејќи зградата е пренаменета во простор за прием на уметници.

Во меѓувреме, се најавува дека Сокол Бижга ќе ја преземе командата на Државната полиција.

Чистка во албанската влада, Еди Рама смени четворица министри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот