Чистка во албанската влада, Еди Рама смени четворица министри

На денешната седница на пратеничката група на Социјалистичката партија, албанскиот премиер Еди Рама реши да направи измени во владиниот кабинет, објави „Вокс њуз“.

Од кабинетот „Рама 4“ заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, која е под истрага на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК). На нејзино место како вицепремиерка доаѓа досегашната министерка за внатрешни работи, Албана Кочиу.

Со новоформираното Министерство за инфраструктура и енергетика ќе раководи Енеа Каракачи. Поранешниот амбасадор на Албанија во Европската Унија, Ферит Хоџа, е именуван за министер за Европа и надворешни работи, позиција што досега ја извршуваше Елиса Спиропали.

Бесфорт Ламалари ја напушта функцијата министер за правда и преминува на чело на Министерството за внатрешни работи, додека Тони Гогу го презема ресорот правда. Промени има и во одбраната – Пиро Венгу заминува од министерската функција, а на негово место е назначен Ермал Нуфи.

За министерка за односи со Парламентот е поставена Ерјона Исмаили.

ВИДЕО | Хаос во Тирана: демонстранти фрлаат молотови коктели врз зградата на владата – полицијата возвраќа со солзавец и со водени топови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот