Фото: Принтскрин / „Икс“ / Еди Рама

Еди Рама го замоли Трамп да му помогне на Хашим Тачи, кого го судат во Хаг, „за да не се случи нешто многу лошо“

Многумина во Европа велат дека Одборот за мир е замислен како замена за Обединетите нации. Мене не ми изгледа како обид да се замени ОН, но ако помогне да се размрда тој агонизиран џин и да се разбуди, тогаш нека е благословен Одборот за мир, изјави албанскиот претседател Еди Рама.

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли тврдењата дека „Одборот за мир“ има цел да ги замени Обединетите нации и го повика американскиот претседател Доналд Трамп да „направи нешто“ во врска со случајот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, кој се суди во Хаг, на првата средба на иницијативата на Трамп, одржана во четвртокот, објави „Анадолија“.

Осврнувајќи се на меѓународните судски постапки, Рама го критикуваше тековниот процес против поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, во Хаг, каде што Тачи и уште тројца поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово се соочуваат со обвиненија за воени злосторства поврзани со конфликтот од 1998–1999 година.

Тој оцени дека долготрајните судски процеси ризикуваат да ја поткопаат регионалната стабилност и директно му се обрати на Трамп со зборовите: „Ајде да направиме нешто пред, како што велиш ти, повторно да се случат многу лоши работи“.

Минатата недела, обвинителството побара 45-годишна затворска казна за Тачи по речиси тригодишно судење.

– Во овој момент, само неколку месеци стојат меѓу човекот кој од отпорот против етничкото чистење прерасна во миротворец и потенцијално разорниот исход во суд што досега на секој чекор не успеа да ги испочитува стандардите на демократската правда – рече Рама.

ВИДЕО | Завршни зборови на судењето на поранешните водачи на ОВК во Хаг, обвинителството побара затворски казни од 45 години

„Нека е благословен Одборот за мир ако го разбуди тој агонизиран џин“

Рама му се заблагодари на Трамп што ја вклучил Албанија во проектот и ја пофали неговата „одлучна улога во запирањето на трагичниот конфликт во Газа“.

Тој ја нагласи поддршката на Албанија за иницијативата, посочувајќи дека „целосно усогласен двопартиски глас“ во парламентот е доказ за посветеноста на земјата да биде еден од основачите на ова тело.

– Многумина во Европа велат дека Одборот за мир е замислен како замена за Обединетите нации. Мене не ми изгледа како обид да се замени ОН, но ако помогне да се размрда тој агонизиран џин и да се разбуди, тогаш нека е благословен Одборот за мир – рече Рама осврнувајќи се на критиките во Европа.

„Треба да се формира јавен објект за палестинските деца“

Албанија „го потврди своето учество во стабилизациските сили со свои војници“, додаде премиерот, повикувајќи Одборот да ги охрабри директните национални придонеси во хуманитарните напори, вклучително и формирање на посебен јавен објект за палестинските деца.

Рама истакна дека иницијативите на Албанија се насочени кон заштита на децата во Појасот Газа.

Прв состанок на Одборот за мир на Трамп во Вашингтон

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот