ЕБОР предупредува на раст на „зомби“ фирмите доколку продолжат мерките за Ковид

ЕБОР / Фото МИА

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги повика владите во регионот во кој е активна да ги преиспитаат мерките за поддршка на коронавирусот за компаниите, предупредувајќи дека поддршката на т.н. компании „зомби“ би можеле да имаат негативен ефект врз здравите компании.

Додека корпоративниот долг достигна рекордно ниво во приближно 40 економии каде работи ЕБОР, неисполнувањата на обврските паднаа на рекордно ниско ниво во многу земји, откри развојната банка во својот годишен „Извештај за транзиција 2022/2023“.

ЕБОР вели дека некои компании избегнале доцнење на отплата на долгот поради пристапот до евтини заеми благодарение на владините мерки по пандемијата и финансиската поддршка поради руската инвазија на Украина, пренесува Ројтерс.

Сепак, континуираната поддршка повеќе не е одржлива во светот на високи каматни стапки, се вели во извештајот. „Сè уште не сме ги виделе последиците во однос на банкрот поради пандемијата и војната. Згора на тоа, помал е бројот на банкроти во новите земји-членки на Европската унија.

Постои ризик од „зомбификација“ доколку државните вонредни мерки продолжат многу подолго“, изјави за Ројтерс Беата Јаворчик, главен економист на ЕБОР, пренесува Танјуг, објави Политика рс.

Присуството на „зомби“ компании во една економија негативно се одразува на здравите компании кои бележат намалување на инвестициите, приходите и вработеноста, предупреди ЕБОР. Многу земји, исто така, ја суспендираа, барем привремено, обврската да поднесат барање за стечај.

Секое повлекување на државните кредитни гаранции и субвенции мора да биде постепено за да се избегне каков било шок и „треба да биде прецизно подесено за да се осигура дека финансиска помош добиваат само солвентните и одржливи фирми со привремени проблеми со ликвидноста“, заклучува ЕБОР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот