„EasyJet“ укинува една третина од работните места

Од „EasyJet“ истакнуваат дека се насочени кон намалување на трошоците и дека продолжуваат со разговорите со компаниите за лизинг и проджба на авиони со цел да обезбедат дополнителни средства.

Британската нискобуџетна авио – компанија „EasyJet“ објави план според кој се укинуваат 4.500 работни позиции и се намалува флотата на летала со цел да се прилагоди на малата побарувачка на „уништениот“ пазар на патување поради Ковид – 19.

„EasyJet“ во моментов има 15 илјади вработени лица во осум европски земји, а следните денови планира да отпочне со процесот на советување за најавените откази.

Од компанијата најавуваат и дека во наредната половина од годината во функција ќе биде 30 проценти од вкупниот капацитет, што одговара на 302 летала, 51 помалку во споредба со првичните планови пред почетокот на пандемијата од корона вирусот.

Од „EasyJet“ истакнуваат дека се насочени кон намалување на трошоците и дека продолжуваат со разговорите со компаниите за лизинг и проджба на авиони со цел да обезбедат дополнителни средства.

Проценуваат дека со евентуална продажба би можеле да обезбедат меѓу 500 и 650 милиони фунти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот