Ѕвездата на „Tiger King“ од затвор: Имам рак на простата, пуштете ме да живеам слободно со најмилите!

Џозеф Ален Малдонадо-Пасаж – Џо Егзотик / Фото: AFP / AFP / Profimedia

На Џо Егзотик, основачот на зоолошката како дел од хит документарецот на Нетфликс, „Tiger King“ му беше дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, објави тој на социјалните медиуми.

Во објава на инстаграм-профилот, Егзотик чие вистинско име е Џозеф Малдонадо – Пасаж, кажа дека овие вести ги дознал од неговите доктори, пренесува „Guardian“

„Со најголема жалост морам да ви кажам дека докторите ме известија денес дека на биопсијата на простатата е вратен канцерот во агресивна фаза, и уште чекам резултати од другиот тест“ – изјави Егзотик.

Тој отслужува 22 годишна затворска казна, откако беше осуден за обид за убиство преку посредници на сопственичката на стационар за животни, Керол Баскин.

Џо Егзотик
BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Во објавата, Егзотик кој се изјасни за невин, побара да биде пуштен на слобода, за „да можам да одам дома и сам да се лекувам или да уживам во животот што ми преостанува блиску до најмилите“.

Џон Филипс, адвокатот на Егзотик ја потврди веста во изјава за CNN.

„Тестот за крв кој се користи првенствено за скрининг на канцер во најрана фаза покажа високи вредности. Открија рак. Медицинската нега е поинаква во затворско опкружување и помалку опции се достапни“ – изјави Филипс.

Во јули, Американскиот суд пресуди дека Егзотик треба да отслужи затворска казна, а според пресудата треба да одлежи казна помеѓу 17ипол години и нешто помалку од 22 години затвор.

Вториот дел од „Tiger King“ под името „Tiger King 2“ треба да биде објавен на 17 ноември.

Оваа недела, Баслин поднесе тужба против Нетфликс и Royal Goode Productions, тврдејќи дека во претстојната серија е користен неовластен материјал со снимки од неа и нејзиниот сопруг.

Приказната на Џо Егзотик го освојува светот – Бизарно добра серија што ќе ја изгледате во еден здив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот