Profimedia
Сара Џесика Паркер и Крис Нот / Фото: Profimedia

Ѕверката и Кери од „Сексот и градот“ се скараа: Крис Нот не ѝ зборува на Сара Џесика Паркер откако беше обвинет за сексуално злоставување

Крис Нот, на јавноста најпознат како Ѕверката од серијата „Сексот и градот“ (Sex and The City), изјави дека тој и Сара Џесика Паркер повеќе не се во контакт поради нејзината реакција на обвиненијата за сексуално злоставување што против него беа изнесени во 2021 година.

Инаку, 71-годишниот актер тврди дека поранешната колешка не го побарала за да ја слушне неговата страна од приказната, пред јавно да им даде поддршка на жените кои го обвинија, пренесува „Пејџ сикс“.

Гостувајќи во поткастот „Навистина познат“ со Кара Мајер Робинсон, Нот ја нарече разочарувачка заедничката изјава што ја потпишале Паркер и нејзините колешки Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Според него, „прилично е очигледно“ дека неговото долгогодишно пријателство со Сара Џесика Паркер повеќе не постои.

„Таа нивна изјава, која всушност беше чист пи-ар и контрола на штета, беше тажна и изненадувачка. Ме познавате со години, работевме заедно со децении. Пред да излезете јавно, требаше да ме повикате и да ја слушнете мојата верзија“, изјави Нот.

Актерот, чиј лик Ѕверката беше убиен уште во првата епизода од продолжението „И тукутака…“ (And Just Like That), додаде дека целата ситуација му покажала кои му се вистинските пријатели.

„Разбирам дека Холивуд функционира така, но премногу е лошо што никој не ме повика да ја чуе вистината. Да беа улогите обратни, јас апсолутно ќе ја повикав Паркер пред каква било јавна изјава. Ова беше болно и влијаеше на апсолутно сè“, рече тој.

Да потсетиме, во 2021 година три жени го обвинија Нот за сексуален напад, што тој категорично го негираше. Кратко потоа, главните ѕвезди на серијата објавија заедничко соопштение во кое наведоа: „Длабоко сме потресени од обвиненијата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои истапија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме колку е тоа тешко и ја поздравуваме нивната храброст“.


Претходно овој месец, Нот повторно привлече внимание со објава од вежбалница. На коментар на следбеник кој сугерираше дека пораката е насочена против Сара Џесика Паркер и нејзината неодамнешна награда, актерот кратко одговори: „Точно“. Подоцна се обиде да ја ублажи ситуацијата, нарекувајќи го одговорот „благо саркастичен коментар што непотребно предизвикал бура во чаша вода“.

Во текот на 2025 година, Нот повторно нагласи дека обвиненијата за силување се лажни, но призна дека ѝ бил неверен на сопругата Тара Вилсон. Тој инсистира дека сите односи надвор од бракот биле доброволни.

„Ја изневерив сопругата и тоа за неа беше разорно, тоа не е убава слика. Но, тоа што го направив не е злосторство“, изјави тој за „Ју-ес-еј тудеј“.

Крис Нот и Тара Вилсон се во брак од 2012 година и имаат двајца синови – Орион (18) и Китс (5).

ФОТО | Анка е Кери Бредшо: Која е Србинката која била инспирација за култната „Сексот и градот“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот