Џулија Гарнер ќе ја глуми Мадона: Наскоро биографски филм во режија на поп-иконата

Џулија Гарнер
Џулија Гарнер и Мадона / Фото: EPA-EFE/Инстаграм

Џулија Гарнер ќе ја игра Мадона во биографскиот филм, што ќе го режира самата пејачка. Ѕвездата на серијата „Ozark“ и „Inventing Anna“ ја добила улогата по долга аудиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Garner (@juliagarnerofficial)

Мадона пред две години објави дека ќе се снима филм за нејзиниот живот, при што го напиша сценариото заедно со оскаровката Диабло Коди.

„Сакам да го раскажам неверојатното патување низ кое што ме однесе животот како уметник, музичар, танчер, човечко суштество. Има толку многу непознати и инспиративни приказни, а кој може подобро да ги раскаже од мене“, истакнала Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Дваесет и осумгодишната Гарнер освои две награди Еми за „Ozark“, а во изминатиот период беше актуелна со серијата „Inventing Anna“.

Извор: espreso.mk

Видео на денот