Џудо клубот „Сеишин“ со шест медали на меѓународниот турнир во Бор

Нови успеси за џудистите на Сеишин Прилеп/фото: facebook/Џудо Клуб Сеишин

Денеска во Бор (Србија) се одржа меѓународниот турнир во џудо „Среќно-2022“ во организација на џудо клубот „Бор“.

На овој турнир се натпреваруваа помлади пионери, пионери и кадети во машка и женска конкуренција.

Свое учество имаше македонскиот џудо клуб „Сеишин“ Прилеп со вкупно седум натпреварувачи.

Освоени се вкупно шест медали, поточно еден златен, три сребрени и два бронзени.

Резултати поединечно:

Помлади пионерки:
1.Теодора Илиоска 1 место
2.Тамара Илиоска 2 место

Пионери:
1. Давор Најдоски 3 место

Кадетки:
1. Теа Настоска 2 место
2. Теона Настоска 2 место
3. Елеонора Илиоски 3 место

Кај кадетите одлични борби прикажа и Михаел Димоски, но не успеа да избори место на пиедесталот. Екипата ја предводеа тренерите Мартин Ристески и ветеранот Киро Здравески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот