Џудо клубот „Сеишин“ освои два медали на меѓународниот турнир во Грција

фото: ЏУДО КЛУБ "СЕИШИН“

Во неделата на 19 март во Аминдео, Грција, се одржа меѓународниот турнир во џудо во организација на ЏК Мегас Александрос Аминдео.

На овој турнир учество зедоа околу 400 натпреварувачи од Грција, Молдавија, Грузија Италија, Бугарија и Македонија.

Џудо клубот „Сеишин-Прилеп“ зеде учество со вкупно седум натпреварувачи при што освоени се два сребрени медали.

Кај кадетите Јован Стојановски во категоријата -50 кг. беше второпласиран, а на втората позиција во женска конкуренција (-48 кг.) се најде Теа Настоска.

Екипата ја предводеше тренерот и селектор на македонската кадетска селекција Дејан Мицкоски.

Останатите натпреварувачи Михаил Стојановски, Георгиј Магдески, Борис Џагадуроски, Михаил Димоски и Елеонора Илиоска иако остварија по една или две победи не се закитија со медали, но презентираа одлични борби.

– Мораме да потенцираме дека сите беа под силен притисок на судиите и затоа нашите натпреварувачи практично беа оневозможени и да сторат нешто повеќе. Сепак ЏК Сеишин-Прилеп е задоволен од настапот на сите и постигнатиот успех на еден ваков силен меѓународен натпревар на кој покрај противниците наспроти себе ги имавме за противници и судиите и натпреварувачката комисија кои направија се за нашите џудисти да не се закитат со медал – пренесуваат од ЏК „Сеишин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот