Фото: Џудо Федерација на Македонија

Џудистката Хамида Друштинац освои бронза на Балканското првенство во Будва

Викендов (9/10 мај 2026 година) во Будва, Црна Гора, се одржува Балканското првенство во џудо за кадети (У18) во машка и женска конкуренција.

Македонската репрезентативка Хамида Друштинац во категоријата 48 кг. освои бронзен медал на Балканското првенство за кадети/ки во Будва Црна Гора.

Успех кој е резултат на голем труд, посветеност, дисциплина и борбен дух.

Нашата кадетска репрезентација настапува во Црна Гора во состав:

– Хамида Друштинац -48
– Емилија Паскоска -48
– Теодора Илиоска -57
– Тамара Илиоска -63
– Марко Димитријоски -50
– Ангел Радевски -55
– Амар Бајрамоски -60
– Петар Давчев -73
– Дин Ризвановиќ -90
– Марко Чивлачки +90

Репрезентацијата ја предводи селекторот Игор Паскоски, а и исто така на Балканското првенство ќе суди и нашата судијка Наталија Динова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот