Џонсон ја презема одговорноста, но нема да поднесе оставка поради „Партигејт“

Борис Џонсон/ Фото JESSICA TAYLOR / AFP / Profimedia

„Понизниот“ Борис Џонсон изјави дека ја презел целата одговорност, но нема да се откаже откако беше објавен извештајот во кој детално беа опишани низа незаконските забави за време на локдаунот во Британија.

Џонсон се соочуваше со повеќекратни повици да поднесе оставка од опозициските политичари и некои во неговата партија поради собирите во време кога целата нација беше затворена поради строгите ковид-мерки.

„Понизен сум и ја научив лекцијата“, рече премиерот Џонсон пред парламентот, велејќи дека нема да се повлече поради скандалот.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која се смета за можен наследник, рече дека го поддржала премиерот „100%“ по неговото извинување.

Извештајот на високиот претставник Сју Греј не го обвини конкретно Џонсон, туку даде графички детали и вклучуваше фотографии од повеќе од десетина собири.

Тој присуствуваше на некои, вклучително и на забавата каде го прослави неговиот 56-ти роденден на 19 јуни 2020 година, за која беше казнет од страна на полицијата.

„Многу од овие настани не требаше да се дозволи да се случат“, се вели во извештајот. „Високото раководство мора да сноси одговорност за ваквите настани“.

Објавен извештајот за „партигејт”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот