Џонсон го поздрави договорот за прекин на сечењето на шуми

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото EPA-EFE/ROBERT PERRY

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го поздрави ветувањето на повеќе од сто светски лидери за прекин на уништувањето на шумите во светот до 2030 година, пишува Би-Би-Си.

На вториот ден од климатскиот самит на ОН COP26 во Глазгов, 110 нации, кои поседуваат 85 отсто од светските шуми, потпишаа декларација со која се обврзаа да го запрат и променат трендот на уништување на шумите и уништување на почвата до 2030 година.

Домаќинот на самитот, Џонсон, истакна дека целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови не може да се постигне без заштита на природата и запирање со загубите на шумите, што се „белите дробови на планетата”.

Заштита на правата на домородното население

Тој кажа дека ова мора да се направи на таков начин што ќе ги заштити правата на домородното население, истовремено создавајќи можности за одржлив економски развој.

„Да прекинеме со големиот масакр со моторни пили“, рече тој, истакнувајќи дека заштитата на животната средина може да овозможи долгорочен одржлив раст и вработување.

Британската Влада соопшти дека ветувањата дадени на самитот биле поддржани со 8,75 милијарди фунти јавни средства и дополнителни 5,3 милијарди евра приватни инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот