Џон Мекинро: Ѓоковиќ е еден во милијарда

EPA-EFE/LUKAS COCH

Американецот на времето беше еден од најдобрите светски тенисери а сега е еден од најпопуларните коментатори. Интересно е што тој мисли за Џоковиќ

Џон Мекинро е едно од најпознатите имиња во светот на тенисот па иако одамна е во пензија, неговите коментари секогаш добиваат големо внимание во светските медиуми.

Американецот неодамна повторно коментираше за Новак Ѓоковиќ, како и многупати досега, а неговиот коментар покажува колку го цени светскиот број еден.

– Новак Ѓоковиќ е еден од најмаркантните спортисти во било кој спорт. Гладта и желбата што ја има по сите освоени трофеи се луди. Тој е еден во милијарда. Го сакам Роџер Федерер, го обожавам Род Лејвер. Имам најголем респект кон Рафа Надал кој дава се од себе. Но Ѓоковиќ…. Не знам до каде да започнам. Едноставно морате да му се восхитувате – вели Мекинро.

Ѓоковиќ ја завршува годината како прворангиран, рекорден осми пат и надмина вкупно 400 недели како светски број 1, што ниту еден друг играч не успеа да го постигне…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот