ФОТО | Џон Малкович во Скопје уживаше во црвено вино и доби подарок

Фото: Приватна архива

Џон Малкович вели дека најубав дел од денот му е оној кога ќе се напие чаша црвено вино, велат за „Слободен печат“ оние кои се дружеа со холивудскиот актер вчера во Скопје, во една позната винарија.

Малкович беше гостин на „Охридско лето“ со драмско-музичката претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“, која го исполни Античкиот театар до последно место. По Охрид, тој замина за Скопје.

Фото: Приватна архива

Во скопската винарија, тој дегустирал македонски вина заедно со повеќе домашни познати личности, меѓу кои актерот Тони Мијахловски со сопругата и водителот Мирослав Кацаров, кој бил дел од протоколот, претставник од ТВ „Канал 5“.

Фото: Приватна архива

Кацаров вели дека имал прилика да разговара со светски познатиот актер. Зборувале за неговите соработки со холивудските ѕвезди, а Малкович му рекол дека најголем впечаток му оставил Клинт Иствуд.

– Тој е многу едноставен човек и голем хедонист, таков впечаток ми остави. Уживаше пиејќи црвено вино и ми рече дека и тој самиот има мала винарија. Од винаријата сакаа да му подготват подарок, но одби, рече дека шишињата вино не сака да ги носи во авион. Изминативе недели, тој сменил пет држави, а следно замина за Црна Гора. Малкович рече дека многу ретко ја дава домашната адреса, но на одговорните од винаријата ја даде, за да му ги испратат подароците дома – ни рече водителот Кацаров.

Фото: Приватна архива

Во Охрид, Малкович беше сместен во апартман во хотелот „Инекс Олгица“, каде што одржа прес-конференција пред претставата. Според неговата желба, пресот траеше половина час и се зборуваше само за претставата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот