фото: EPA/STRINGER

Џиџи Бекали загуби 20.000 евра: Се обложил дека неговиот ФЦСБ ќе игра против Партизан

Џиџи Бекали, романскиот бизнисмен и контроверзен сопственик на ФЦСБ често е критикуван за неговото однесување и изјави во врска со фудбалот.

Медиумите во оваа земја пишуваат дека 65-годишникот Бекали вложил 20.000 евра дека неговиот тим од Букурешт ќе игра во плеј-офот на Конференциската лига против белградски Партизан, пренесуваат романските медиуми.

Поточно, тој веруваше дека ФЦСБ ќе биде подобар од данскиот Нордсјеланд во двомечот од третото квалификациско коло на Конференциската лига, но за негова несреќа тоа не се случи (0:0, 0:2).

– Ми кажаа дека квотата за понатамошен пласман е 7,00, бидејќи се работи за квалификации. Сакав да ставам 50.000 евра, но ми рекоа дека максимумот е 20.000. Добро е што на крајот не вложив повеќе. Се обложив 20.000 и загубив. Сето ова е игра – изјави Бекали.

Според кипарскиот тренер на ФЦСБ, Елиас Хараламбус вели дека Бекали сака да се шегува.

– Можеби се шегуваше, не знам. Не сакам да зборувам за такви ситуации. Немаме што да добиеме од вакви ситуации и мислам дека се шегуваше. Тој сака да се шегува и јас тоа го сфаќам како шега се зборовите на Хараламбус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот