Џеси Џеј заврши во болница по повреда во автомобил: „Мислев дека си го скршив вратот“
Пејачката Џеси Џеј (37) беше итно префрлена во болница по повреда во автомбил, поради која се загрижила дека „си го скршила вратот“.
Препорачано
Инцидентот се случил за време на нејзината турнеја „Без тајни“ во Кина, кога силно ја удрила главата во покривот на автомобил.
Пејачката сподели видео на Инстаграм од себе како влегува во црн автомобил, со коментар дека „не ѝ пречело да се стиска одзади“, проследено со видео од болницата каде ѝ прават магнетна резонанца.

Иако ситуацијата изгледаше драматична, Џеси проговори од зад сцената пред еден од нејзините настапи:
„Да, едноставно не можам да ја движам главата. Добро сум, само ќе морам да земам лекови против болки и да го издржам ова“, рече пејачката, додавајќи: „Мислев дека си го скршив вратот, но не го скршив. Навистина си го повредив вратот и грбот.“
И покрај болката, на снимката се гледа како пробува златен комбинезон, го гушка својот син Скај и дава врвен настап на сцената, што ги воодушеви обожавателите кои ѝ испратија зборови на поддршка.
View this post on Instagram
ФОТО+ВИДЕО| Емотивна исповед на Џеси Џеј: „Не можам да си ги допрам градите и лузните“


