Џери Хол е девојката која најдолго го „задржа“ Мик Џегер: Манекенката била инспирација за култната песна на Ролинг Стоунс „Miss You“

Фото: Profimedia

Една од најпознатите манекенки и модели, која на свои дваесет години веќе беше на четириесет насловните страници на над четириесет најпрестижни модни списанија, се дружеше со Грејс Џонс и Џесика Ланг и предизвика епско непријателство помеѓу Мик Џегер и Брајан Фери.

Покрај модните писти и ревиите на познати модни дизајнери, ја видовме и во филмови, а нејзиниот танц во видеото на Брајан Фери „Ајде да се држиме заедно“, сè уште ја скокотка фантазијата на мажите. Џери Хол е најдолгата врска на Џегер. Мик започна да се гледа со оваа девојка од Тексас кон крајот на 1977 година, додека тој сè уште беше во брак со Бјанка, а таа пак, вереница на Брајан Фери.

Таа, наводно, била инспирација за култната песна на Ролинг Стоунс „Miss You“. Во моментот кога се запознала со Џегер, таа беше една од најплатените фото-модели во светот и важеше за многу влијателна жена во светот на шоу – бизнисот. Од врската со Џегер, таа роди четири деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RippedLevis (@rippedlevis)

Џери и Мик се разведоа во 1999 година, кога бразилскиот фото-модел Лусијана Хименез објави дека ќе роди дете чиј татко е пејач на Ролинг Стоунс. Џери Хол и Мик Џегер долго време пред тоа, живееа во вонбрачна заедница во Ричмонд (Лондон). За време на бракот со Џери, од 1991 до 1994 година, тој имаше врска со италијанската пејачка и модел Карла Бруни, која подоцна стана прва дама на Франција. Џери дозна за врската и интервенираше, а Карла подоцна рече: „Можеби бил со уште десет жени додека беше со мене“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Jackson (@my_fashionforecast)

Џери имала свои пари, што значи дека скапоценото богатство на Џегер било безбедно, но сепак страдала од неговите врски со многу помладите жени кои тој и понатаму ги имал. Мик и Џери свадбената церемонија ја направија на плажа во Бали во 1990 година. Сепак, оваа свадба беше прогласена за нелегална за време на нивниот развод со Високиот суд во Англија во 1999 година, па бракот беше поништен „со заеднички договор“. Џери Хол го опиша петмилионското израмнување, заедно со вилата во Ричмонд надвор од Лондон, како „многу, многу великодушно“.


„Секако дека Мик разговара со децата често. Тој е навистина прекрасен татко“, изјавила во една прилика Џери Хол, додавајќи дека има и многу добри односи со него затоа што освен четирите деца, тие се пријатели веќе 30 години. Но, Џери Хол вели дека Мик бил многу лош сопруг. Во 2016 година, Џери Хол се омажи со мултимилијардерот Руперт Мардок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот