Џастин Балдони ja продава луксузната вила во Калифорнија за 8,9 милиони долари среде правната драма со Блејк Лајвли
Американскиот актер и режисер Џастин Балдони го стави својот луксузен имот во Јужна Калифорнија на продажба среде правната битка со својот колега Блејк Лајвли. Тој и неговата сопруга Емили ја објавија својата вила во Охај за 8,9 милиони долари, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Имено, Балдони го купи имотот во 2020 година за 2,12 милиони долари, а станува збор за имот што се протега на повеќе од четири хектари земјиште. Имотот нуди панорамски поглед на планините Топатопа и познатите зајдисонца на Охај, таканаречениот „Розов момент“, по кој е позната областа.
Куќата има повеќе од 480 квадратни метри простор за живеење, пет спални соби и четири бањи. Имотот, исто така, располага со бројни дополнителни погодности, вклучувајќи купола за јога и купола за гости, куќичка на дрво изградена по нарачка и овоштарник со разни овошни дрвја и дрвја од авокадо.
Дополнително, имотот вклучува базен со солена вода, вградена трамболина, терени за голф, пикбол и кошарка, простор за собирање со огниште, патеки за пешачење и езерце како и водопад.
Балдони и Емили, кои се во брак од 2013 година и имаат две деца, посветија две години на реновирање и декорирање на имотот. Во претходно интервју, Балдони зборуваше за трудот што го вложиле во создавање дом по нарачка.
– Вложивме многу труд за да ја направиме оваа куќа навистина посебна. Мебелот не можеше да биде лежерен избор – ни требаше дизајнер – рекол Балдони.
Тој додал дека со неговата сопруга имале јасна визија, но дека им била потребна професионална помош во изборот на парчиња и финализирањето на ентериерот. Емили го опишала имотот како нивно светилиште, инспирирано од патувањата во Мексико.
– Живееме на навистина магично место. Опкружени сме со планини, карпи, камен и вода – сè се чувствува природно и убаво. Сакавме да се чувствуваме како да доаѓаме во нашето светилиште секој пат кога ќе се вратиме дома- рекла таа.
Одлуката за продажба доаѓа во време кога Балдони е вмешан во правна битка со неговата колешка Блејк Лајвли од „Ова завршува со нас“. Актерката поднесе тужба против него кон крајот на 2024 година за наводно сексуално вознемирување и одмазда, барајќи отштета од над 160 милиони долари.
Балдони ги негираше обвинувањата и поднесе контратужба од 400 милиони долари на почетокот на 2025 година, обвинувајќи ја Лајвли за изнуда и клевета. Сепак, судот подоцна ја отфрли неговата тужба. Судењето е закажано да започне на 18 мај оваа година.


