Двојно славје на Мерцедес на Големата награда на Белгија: Расел побрз од Хамилтон
По двојната победа на Мекларен-Мерцедес на Хунгароринг, стигна и втората двојна победа на друг тим освен Ред Бул – Џорџ Расел и Луис Хамилтон возејќи за Мерцедес славеа на 14 трка од Формула 1 сезоната во Белгија и го дадоа ова сезона дополнителен шарм и неизвесност.
Препорачано
На познатата патека „Спа Франкоршам“ Британецот Расел ја извојува втората победа сезонава, а трета во кариерата.
Расел имаше дуел со својот тимски колега Луис Хамилтон, а успехот е поголем ако се знае дека 34 од 44 круга извозе на тврди гуми. По третото место во Унгарија, Хамилтон сега е втор во Белгија, кој беше 201 подиум во неговата кариера.
Оскар Пјастри во Мекларен, по триумфот во Унгарија, денеска беше трет, Шарл Леклер во Ферари е четврти, Макс Верстапен петти, Ландо Норис во Мекларен шести, а потоа следуваат Саинц (Ферари), Перез (Ред Бул), Алонсо (Астон Мартин) и Окон (Алпин).
Во генералниот пласман кај возачите води Верстапен со 275 бодови, Ландо Норис со 197, а го следат Шарл Леклер со 174 и Оскар Пјастри со 162 бода.
RACE CLASSIFICATION (LAP 44/44)
Look at the gap between the top three! ?#F1 #BelgianGP pic.twitter.com/7DHzJf76xe
— Formula 1 (@F1) July 28, 2024


