Две жени се затруле со расипани велигденски јајца
Лекарот Ратко Грков рече дека и во негова смена имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.
Две жени завршиле во болница откако изеле расипани велигденски јајца.
Препорачано
Жените, на возраст од 62 и 56 години, побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца.
Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро.
Сопружници нападнати во подземна гаража во Центар – едниот напаѓач имал оружје
Оваа информација ја потврди доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.
Ратко Грков, доктор во Итна медицинска помош, вели дека и во неговата смена имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.
Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца од празникот, до цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.
Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна


