Две момчиња ранети во пукањето во Белград пуштени дома, девојче сѐ уште во критична состојба

Даница Грујичиќ / Фото Јутуб принтскрин

Министерката за здравство Даница Грујичиќ денеска им изрази сочувство на семејствата на жртвите во страшните трагедии што се случија во претходните два дена.

Грујичиќ на прес-конференција пред Ургентниот центар изјави дека од повредените во пукањето во Белград, две момчиња кои се лекувале во Тиршова се пуштени дома, а другото девојче сѐ уште е во критична состојба, наведувајќи дека има повреда на главата.

„Истовремено работеа шест сали, тоа не се случило од деведесеттите. Ова е голема трагедија“, рече Грујичиќ.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

➡️Петмина од повредените во нападот во Белград се во стабилна состојба, двајца се критични

➡️Соученик го преживеал масакрот во Белград иако неговото име било на списокот на Коста: Не го ни познавав

➡️ Коста не бил жртва на врсничко насилство, тврди раководителот на белградската училишна управа

➡️ Психијатри: Масакрот во Белград треба да го разбуди и македонското општество од моралната ерозија

➡️ Коста со татко му оделе на „Ерсофт“ – специјална игра со пукање слична на пејнтбол

➡️ Таткото на Коста денес ќе биде сослушан во обвинителството, за едно дело му се закануваат 12 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот