Грција воведува шестдневна работна недела

Работник Фото: Pexels: Kateryna Babaieva

Од 1 јули во Грција се воведува шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, организациите и земјоделските стопанства кои досега работеа пет дена во неделата.

Според законот што беше донесен во септември 2023 година, дополнителниот работен ден не може да трае подолго од осум часа и не е дозволена прекувремена работа на тој ден.

Оваа одредба која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја почитуваат фирмите и фармите чија работа не е континуирана, односно до сега не работеле пет дена во неделата.

Во однос на ограничувањата, работникот во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите или земјоделските стопанства да имаат петдневна ноќна смена (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден не смеат да работат во ноќна смена.

Изменетиот закон за работни односи не само што предвидуваше шестдневна работна недела, туку овозможи работен ден да трае најмногу 13 часа, со цел да се легализира комбинацијата на постојана и дополнителна работа, што многумина го практикуваат.

Оваа реформа на законот за работни односи ги поттикна критичарите да се потсетат на Европската директива за работно време, според која вработените не треба да работат повеќе од 48 часа во период од седум дена, вклучително и прекувремената работа.

Новиот закон беше донесен една деценија подоцна, бидејќи меѓународните кредитори побараа од земјата да воведе шестдневна работна недела за да се излезе од економската криза. Грците на референдумот во 2015 година убедливо кажаа „не“ на пакетот мерки предложени од кредиторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот