По приемот на Косово во СЕ семејствата на исчезнатите ќе можат да ја тужат Србија, вели Вјоса Османи

Вјоса Османи / Фото EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека по приемот на Косово во Советот на Европа семејствата на исчезнатите ќе можат да ја тужат Србија пред Европскиот суд за човекови права.

„По влегувањето во Советот на Европа, сите семејства ќе имаат пристап до Европскиот суд за човекови права, ќе можат да ја тужат Србија за кршење на правото на живот на членовите на семејството, за кршење на правото на човечко достоинство и многу други права. Членството во Советот на Европа ќе биде од корист за сите граѓани, но најмногу за семејствата на кои 25 години им беше ускратена правдата“, рече Османи за време на одбележувањето на Денот на исчезнатите.

Таа рече дека институциите на Косово ќе продолжат да бидат со семејствата и „да ја споделат болката, бидејќи сите 1.600 исчезнати лица се членови на семејствата на цело Косово“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот