Бугарите плаќаат поскапа облека од Европејците, одлепената етикета го открива срамот!

гардероба секој ден
Фото: Профимедиа

Одлепена етикета на облека продадена во продавница на една од најголемите модни компании во светот откри колку повисоки цени плаќаат Бугарите во споредба со купувачите во богатите земји како Франција, Германија, Австрија, Италија итн, пишува Телеграф.бг.

А во споредба со цената за грчкиот пазар, во Бугарија, облеката чини поскапо за повеќе од 30%! Репортерот на „Телеграф“ проверил една од продавниците за облека на компанијата со висока класа во Софија. Потоа ги споредил цените на истата блуза во онлајн продавницата на производителот за различни пазари во Европа. Се испоставило дека на етикетата на блузата се залепени три цени една врз друга. Првата е 59,95 евра, која претворена во бугарски пари изнесува 117,25 лева. На него е приложена цена од 49,95 евра (97,69 лева).

А на врвот е заглавена цената за бугарскиот пазар од 129 лева – највисока од сите, ако левовивите се претворат во евра. На дел од алиштата бугарската цена едноставно паднала и така се гледала сумата од 49,95 евра. Кога „Телеграф“ ја прашал продавачката зошто има толкава разлика, таа одговорила дека тоа е политика на продавницата. Слична била ситуацијата и со другите алишта во продавницата, на кои исто така имало залепени три цени една врз друга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот