Во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград повредени две лица

Српска полиција/ Фото: МИА

Двајца работници се повредени денеска, од кои едно потешко, во пожар во фабрика за погонски системи за ракети „Еде про“ во Лештани кај Белград, јави Радио-телевизија на Србија (РТС).

Пожарот избувнал на валјакот на фирмата „Еде про“.

Засега не се знае степенот на повредите.

Пред три години се случи експлозија во магацин со ракетно гориво, при што загинаа двајца работници, а 16 други беа повредени. Во експлозија во ноември 2008 година, три лица беа повредени, од кои едно потешко, а две полесно. Потоа експлодираше смесата за полнење против градежна ракета, покривот на објектот беше урнат, а околни објакти беа оштетени.

Компанијата се занимава со производство на делови за ракети, ракетни турбомотори и гориво.

„Едепро“ се занимава со истражување, развој, производство, трговија и модернизација на сегашно оружје и одбранбена опрема, но и за цивилни потреби.

Истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот