Дијалог за стратешки санкции: САД и Велика Британија ги потврдија обврските

По завршениот Дијалог за стратешки санкции – потврдени заложбите на САД и Велика Британија и обврските во однос на Атлантската декларација од 2023 година за билатерално економско партнерство и зголемена координација за примена на санкциите и обезбедување контрола на извозот.

САД и Велика Британија утврдија дека санкциите и контролата на извозот се најважните инструменти за заштита на националната безбедност.

Во преговорите кои деновиве се водеа во Лондон, се дискутираше и за примена на таргетирани и координирани санкции и мерки за контрола на извозот за задржување и запирање на злонамерните дејности и заштита на меѓународните норми, пренесе МИА.

Се дискутираше и за санкциите кон Русија воведени во одговор на нејзината војна во Украина. Страните истакнаа дека овие санкции ги лишуваат руските вооружени сили од најважните компоненти и технилогии и „ја ограничуваат можноста на Путин да води војна против Украина“.

Исто така беа истакнати координираните акции во Блискиот исток против групи поврзани со Иран, лидери и финансиери на Хамас и „Палестински исламски џихад“, како и они кои помагаат во нападите на хутите во Црвеното Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот