Во вторник на барање на Русија ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина, тврди Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Дачиќ/фото: ЕПА

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјавил дека Предлог-резолуцијата за геноцидот во Сребреница е „непромислен гест“ со цел да се изврши притисок врз Србија, дека коспонзорите на резолуцијата сигурно нема да се откажат, како и дека гласањето сигурно нема да се одржи на 2 мај, пишува „N1“.

Во гостувањето на српската „ТВ Прва“, тој рекол дека „креаторите на резолуцијата“ не очекувале дека Србија толку силно ќе се спротивстави.

„Очекуваа да го негираме злосторството, наместо тоа ние отидовме процедурално, констатиравме дека е прекршен членот 12 од Повелбата на ОН, дека нема консензус во Босна и Херцеговина и во земјите од регионот“, истаканал Дачиќ.

Тој додал дека не само што немало консензус во светот, регионот и Босна и Херцеговина, туку никој не ја ни известил Србија дека (предложената резолуција) се подготвува и затоа таа добила таков прием од некои членови на ОН.

„Во разговорот со претставниците на ОН, авторите увиделе дека нема голем број ентузијасти, што се гледа во помалиот број на коспонзори, додека Малави дури и го повлече коспонзорството“, информирал Дачиќ.

„Разговарав на телефон со 69 министри за надворешни работи и еден дел беше против, а еден воздржан“, рекол Дачиќ.

Тој потенцирал дека ако сакаат да го стават на гласање, резултатот ќе биде далеку од посакуваниот и дека нема врска со помирување, туку само ќе ги продлабочи поделбите.

Дачиќ посочил и дека Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН за БиХ, дека таа е закажана за 30 април и дека на неа преку онлајн формат ќе се обрати српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ.

Дачиќ потсетил дека кон средината на мај ќе има редовна седница на Советот за безбедност за БиХ и дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе одлучи кој ќе оди таму да ја претставува Србија.

„Резолуцијата зависи од оценката на авторот за тоа кога ќе биде поднесена, се уште не е во процедура, ревизиите се во тек, рокот за измени е до утре и дури потоа ќе продолжи понатаму. Успех е што успеавме да се размислува околу тоа“, заклучил Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот