Две големи санти мраз исчезнаа на Арктикот

unsplash

Нови сателитски слики од НАСА покажаа дека две големи санти мраз во канадскиот залив на Сент Патрик целосно исчезнале.

Поголемата имала површина од 3 квадратни милји, а помалата 1,1 милја и тие од 1959 година се намалувале поради глобалното затоплување.

Научниците проценуваат дека сантите се формирале пред околу 5.000 години и дека   биле значително поголеми од 16 до 19 век, во периодот познат како „Мало ледено доба”, јави Си-Ен-Ен.

Од 2015 година тие две санти почнаа да се топат брзо, па сигурно беше дека ќе исчезнат во блиска иднина, но Марк Сиризи, од Националниот центар за проучување на снегот и мразот, вели дека тој се уште е изненаден што исчезнале многу побрзо отколку што очекувале.

– Едноставно, премногу е топло на Земјата, изјави Сиризи, додавајќи дека исчезнувањето на двете санти од заливот Сент Патрик претставува сериозно предупредување за тоа што се случува на Арктикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот