Две години од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

На денешен ден пред точно две години се случи трагичната несреќа на автопатот „Струма“ на автобусот од „Беса Транс“ во која загинаа 45 лица

Автобусот утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца. Истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија главна причина е човечка грешка.

Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, со дозволена брзина од 90 километри на час.

Автобусот беше еден од неколкуте со кои управуваше „Беса транс“, туристичка агенција со седиште во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот