Двајца ракометари на Голден Арт КЛ7 позитивни на коронавирус
Едниот ракометар е дел од првиот тим, додека вториот е од кадетската селекција.
Екипата на Голден Арт КЛ7 уште на самиот старт на подготовките за наредната сезона се соочи со проблеми бидејќи има потивини на коронавирус.
Препорачано
Од клубот пред стартот на подготовките ги тестираа сите ракометари во сите возрасни категории и резултатите покажаа дека двајца ракометари, едниот од првиот тим, а вториот од кадетската селекција, се позитивни на ковид-19.
„Свесни за пандемијата со ковид 19 и многубројните несимптоматски носители на вирусот во светски рамки, истовремено почитувајќи ги препораките и донесениот протокол од страна на РФМ сите селекции на Голден Арт КЛ 7 беа тестирани.Свесно и целно, пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим се организираа скрининг тестови. Истите беа спроведени од страна на “Жан Митрев Клиник”.
Играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење според сите правила на дистанца и заштита прво беа упатени на скрининг тестирања. Кај двајца играчи (еден сениор и еден кадет) скрининг тестовите беа позитивни. Истите се во самоизолација и се чувствуваат добро без ниту еден симптом.По добиените резултати тренинзите се одвиваат секојдневно според донесениот протокол. На нашите играчи им посакуваме поскоро закрепнување и приклучување во тимот“, објави клубот на својата официјална интернет страница.


