Затвор илустрација / Фото Архива

Двајца затвореници побегнале од затвор во Франција со помош на алат донесен со дрон

Двајца високо ризични затвореници утрово успеале да побегнат од затворот во Дижон, Франција, откако ги пресекле решетките од својата ќелија со острици за кои постои сомнеж дека им биле доставени со дрон, пренесуваат француските медиуми.

Првиот бегалец, 19-годишник под истрага за обид за убиство и злосторничко здружување, и вториот, 32-годишник обвинет за тешко семејно насилство, биле сместени во дисциплинскиот оддел во целосна изолација, без контакт со надворешниот свет.

По сечењето на решетките, двајцата успеале да ја совладаат оградата со бодликава жица користејќи само ќебиња. Синдикатот FO Justice остро ја критикуваше управата, нагласувајќи дека со месеци ги игнорирала предупредувањата за сериозните безбедносни ризици во затворот Дижон.

Инцидентот се случува само една недела по друго бегство од затворот Rennes-Vézin, што дополнително го разгори спорот меѓу затворските синдикати и министерот за правда Жералд Дарманен. Синдикатите го обвинуваат министерот за пренасочување на ресурсите кон борбата против дрогата, занемарувајќи го затворскиот систем кој се соочува со хронична пренатрупаност — 85.000 затвореници наспроти капацитет од 62.509 места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот