Фото: Слободен печат

Двајца измамници подигнале брз кредит во име на жена од Карбинци

Двајца измамници со украдени лични податоци подигнале онлајн брз кредит на име на жена од Општина Карбинци, а парите ги извлекле преку манипулација.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против 35-годишниот С.П. од Струга и против 47-годишниот К.Т. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ‘измама’ и ‘злоупотреба на лични податоци’. Пријавените, довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци и со лажно прикажување на факти, обезбедиле нејзини лични податоци и број на банкарска сметка, при што на 25 јуни 2025 година аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа под изговор дека по грешка се парите на нејзината сметка и побарале да ги повлече паричните средства и да ги предаде на второпријавената,“ соопшти полицијата.

Измамени пензионери во Штип, лажни лекари украле над 6.500 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот