Двајца американски војници исчезнале за време на воена вежба во Мароко
Двајца американски воени лица исчезнале во југозападен Мароко по учество во мултинационалната воена вежба Африкански лав, соопшти Африканската команда на САД (АФРИКОМ), пренесува Ројтерс.
Препорачано
Според информациите, војниците исчезнале во близина на градот Тан Тан, во подрачјето кај полигонот Кап Дра, покрај Атлантскиот Океан.
САД, Мароко и други земји-учеснички во вежбата започнале операција за пребарување и спасување, додека инцидентот е предмет на истрага.
Воената вежба „Африкански лав“, која се организира од 2004 година, важи за најголема заедничка американска воена вежба на африканскиот континент и оваа година се одржува во повеќе земји, меѓу кои Мароко, Тунис, Гана и Сенегал.
Според американските власти, целта на вежбата било зајакнување на регионалната безбедносна соработка и подобрување на подготвеноста за справување со глобални безбедносни предизвици.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
3мин
-
9мин
-
15мин
-
23мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


