Дваесет лица од истокот не го почитувале полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поднесени се осум кривични пријави. Контролирани се вкупно 152 објекти. Во државен карантин спроведени се две лица.

Дваесет лица од истокот не го почитувале полицискиот час

Штип, 10 април 2020 (МИА) – Во општините од источниот регион полицискиот час кој од вчера почна од 16 часот не го почитувале вкупно 20 граѓани. СВР-Штип преку соопштение информира дека десет лица се приведени од кои едно малолетно лице и едно над 67 години. Поднесени се осум кривични пријавиКонтролирани се вкупно 152 објектиВо државен карантин спроведени се две лица.

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на шест лица им се издадени решенија за изолацијаа 15 потпишале изјави за самоизолација.

Во билтенот на СВР-Штип се нотира дека полицискиот час не го почитувал и 37-годишен жител на штипското село Стар Карорман, кој направил и сообраќајна несреќа со возило на полицијата.

-Синоќа во 20.42 часот на крстосницата од ул. „Стево Теодосиевски”, „Димитар Влахов” и „Страшо Пинџур” во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес”, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Н. (37) од с. Стар Караорман, штипско, и полициско  возило „шкода јети”, управувано од полициски службеник. Во незгодата  со телесни повреди се здобил возачот на полициското возило. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Кочани, инспектор од Секторот за внатрешна контрола професинални стандарди од МВР и Јавен обвинител, се наведува во сооопштението на СВР-Штип. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот