Два клуба од Серија А со интерес за македонскиот репрезентативец Миовски

фото: instagram.com/aberdeenfc

Бојан Миовски, играчот на шкотскиот Абердин, деновиве тренира во Скопје со македонската А репрезентација која в четврток ќе го игра првиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2024 против Малта.

Миовски од репрезентативците сезонава е нашиот најдобар напаѓач, третопласиран во листата најдобри стрелци во шкотската Премиер лига со 15 голови.

Со своите настапи го привлече вниманието на европските клубови, според италијанските медиуми калчолигашите Болоња и Специја ја следат ситуацијата со Миовски, но и Луис Дук Лопес кој исто така покажува одлични игри во дресот на Абердин.

Миовски својот последен погодок за шкотската екипа го имаше на крајот на февруари во победата од 1:0 на домашен терен против Ливингстон.

Моментно во најсилното италијанско фудбалско првенство Болоња е на 10 место со 37 бодови, додека Специја која се бори за опстанок е моментно на безбедната 17 позиција со 24 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот