Цени во маркети / Фото: Dmitriy Shironosov / Alamy / Profimedia

До крај на јуни ќе се донесе просечната потрошувачка кошничка, вели Дурмиши

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30 јуни. Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат – рече денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Дурмиши информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде разгледана и, ако е потребно уште нешто, дополнително ќе се додаде. Ако сите страни се усогласат, тогаш ќе биде објавена и достапна за граѓаните.

Моментно, како што напомена, во фокус е реформската агенда за чие исполнување се ангажирани сите ресурси на Министерството.

– По локалните избори, овие месеци макотрпно и посветено работиме на реформската агенда. Сите ресурси што ги имаме во Министерството ги вложуваме во реформската агенда. Потрошувачката просечна кошничка е при крај, некои технички работи треба да се направат. Работните групи веќе работат на исполнување на чекорите, а крајниот рок е 30 јуни. Ја поделивме на сите членови на ЕСС, разгледана е од нивна страна. Критиките и забелешките што ги имаа ги обработуваме. Кога ќе имаме следниот пат седница на ЕСС, по исполнување на чекорите на реформската агенда, ќе се фокусираме на тие забелешки, критики и предлози што ни ги дадоа да ги ставиме во потрошувачката кошничка. Ќе ги ставиме и тие и кошничката ќе биде достапна – објасни министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот