Дурент се однесува како газда на Бруклин, бара да биде избркан тренерот за тој да остане

Кевин Дурент останува верен на НБА клубот Бруклин нетс/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кевин Дурент му даде ултиматум на сопственикот на Бруклин нетс, Џо Цаи, да избира меѓу него или тренерот и генералниот менаџер.

Новинарот Шемс Чаранија објави дека Дурент имал средба со Цаи на која кошаркарот побарал да бидат отпуштени главниот тренер Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс, за тој да остане во „мрежичките“.

Оваа вест ги возбуди навивачите на Бруклин, но и НБА фановите кои го нападнаа Дурент дека се однесува како размазена ѕвезда.

Но, медиумите во САД поинаку размислуваат и поголем дел од нив известуваат дека Дурент намерно го поставил овој ултиматум бидејќи знаејќи дека Неш и Маркс тешко ќе добијат отказ, полесно ќе издејствува заминување кое го побара по завршување на сезоната.

– Генералниот менаџер и тренерскиот тим ја имаат мојата поддршка. Ќе донесеме одлуки што се во најдобар интерес за Бруклин нетс – напиша Џаи на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот