Дурански: Во Ерменија како да нема корона, навивачите подготвуваат пеколна атмосфера за дуелот со Македонија

Филип Дурански по само еден месец откако пристигна во Севан ја доби капитенската лента/ фото: Приватна архива

Фудбалската репрезентација на Македонија во септемврискиот квалификациски циклус за плсасман на СП 2022 година одигра три натпревари и во сите три ремизира и по шест кола се наоѓа на четвртото место со девет освоени бодови во рамки на групата Ј.

До крајот на квалификациите остануваат уште четири натпревари за „црвено-жолтите“, а последниот натпревар на гости ќе го играат против Ерменија на 11. ноември.
Тоа може да претставува дуел за второто место во групата бидејќи Ерменија по шест кола има 11 бода и е втора, Романија има 10 бода, а Македонија девет.

Македонскиот интернационалец, Филип Дурански игра во ерменското првенствои тоа во екипатата на Севан и каде за само еден месец стана капитен, вели дека навивачите подготвуваат пеколна атмосфера за натпреварот против Македонија.

– По само еден месец во Севан, ја добив капитенската лента што за мене беше пријатно изненадување, но ми беше предочено дека пристапот кон тренинзите и контролните мечеви си го направиле своето. Успеав да изградам статус на „работник”, што мене лично многу ми значи.

Не знаев ништо за ерменската лига, имав понуда и од Словачка, но решив да сменам средина. Презадоволен сум и изненаден од Ереван кој е одличен град, клубот е во голем подем, сопственикот многу го сака фудбалот и не штеди на фудбалерите. Ерменците не познаваат и зборуваат за нас, особено по нашиот пласман на ЕП. Задоволни се од бодот што го освоија со Македонија, но со Лиштенштајн си скратија два бода. Иако имаат големи шанси за пласман на СП, нешто слично како и кај нас тие очекуваат подобри резултати, како секоја година да се борат за пласман на големо натпреварување, што е некаква слична филозофија со нашата. За Македонија како репрезентација и за македонското првенство се зборува само во суперлативи, особено поранешните вардарови фудбалери кои се задоволни од третманот и пренесуваат само позитивни искуства, ја сакаат нашата земја и ги сакаат нашите луѓе.

Со Лиштенштајн имаше 95% полн стадион и одлична атмосфера, а со нас ќе има уште пожешка. Тука како да нема корона, нема никакви забрани и нема рестрикции. На реваншот исто така очекувам да биде преполн стадионот, затоа што тоа ќе биде еден од решавачките мечеви во нашата група и би требало да има голем притисок од трибините. Јас лично се надевам на победа на Македонија и пласман на следното СП – вели Дурански.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот