Дуња: Во античко време симбол на љубовта и плодноста, а денес само недоволно истражено овошје

unsplash
unsplash

Дали сте знаеле дека прекрасното жолто и миризливо овошје – дуња, всушност потекнува од различни делови на Азија и Медитеранот? Во античка Грција и Рим, дуњата била симбол на љубовта и плодноста.

unsplash

Ова овошје има умерени количини на витамин Ц, како и витамини од групата Б, железо, калиум и магнезиум. Широк спектар на хранливи материи со многу малку калории, а многу од придобивките поврзани со ова овошје може да се препишат на богатиот природен антиоксидант. Антиоксидантите го намалуваат метаболичкиот стрес, намалуваат воспаленија и ги штитат клетките од оштетување, пренесуваат од Националниот институт за здравство во Америка.

Instagram
Instagram

Истражувањата сугерираат дека некои антиоксиданти што се наоѓаат во дуњата, вклучително и флавонолите како што се кверцетин и каемферол, намалуваат воспаленија и штитат од хронични срцеви заболувања.

Ова овошје е исто така добар лек против некои од најчестите симптоми што се јавуваат во раните фази на бременоста кај жените, како што се гадење и повраќање. Во една студија споведена во истоимениот институт биле вклучени 76 бремени жени на кои им било дадено по една лажица сируп од дуња. Резулатите покажале дека сирупот од дуња е поефикасен од 20мг витамин Б6 во намалувањето на гадењето за време на бременоста.

Instagram
Instagram

Други истражувања сугерираат дека билните соединенија во дуњата, можат да помогнат во спречување и лекување на рани фази на чир на желудник. Сокот од дуња го забавува растот на штетните бактерии кои предизвикуваат чир во желудникот.

Дуњата може да ги ублажи различните симптоми на алергии со потиснување на активноста на одредени имунолошки клетки одговорни за алергиски реакции. Некои комерцијални антиалергиски лекови комбинираат сок од лимон и екстракт од дуња.

pixabay

Иако дуњата долго време се користи во традиционалната и народната медицина, но, покрај сѐ, експертите нагласуваат дека се потребни многу дополнителни и потемелни анализи со цел со сигурност да се потврдат сите споменати придобивки од ова овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот