ДУИ останува со пратеник помалку во Собранието

Пратеникот Исмаил Јахоски, кој беше кандидиран на листата на ДУИ во Изборната единица 5 веќе не пратеник на ДУИ, туку стана независен пратеник.

Како што се гледа на интернет страницата на Собранието, Јахоски повеќе не фигурира на листата на пратеници од редовите на ДУИ, туку под независни пратеници.

Јахоски повеќе пати беше градоначалник на општина Пласница.

ДУИ останува со 14 пратеници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот