Духот на Џејн Биркин оживеа на мостот во Париз: Ќерките ѝ оддадоа почит на славната мајка
Во саботата, на 13 декември, Шарлот Генсбур и Лу Дујон се собраа за да ѝ оддадат почит на својата мајка, легендарната Џејн Биркин, која почина во јули 2023 година на 73-годишна возраст, пренесува „Локал Франс“.
Препорачано
Во Париз, пешачкиот мост над каналот Сен Мартен, отсега го носи името на оваа француско-британска филмска и музичка икона, заедно со датумите на нејзиното раѓање и смрт. Моментот беше исклучително трогателен, двете сестри ја открија спомен-плочата и преку своите стилски комбинации понудија суптилна, но моќна модна почит кон препознатливиот стил на нивната мајка.

Стилот на Џејн Биркин со текот на времето се претвори во безвременска модна „униформа“, препознатлива по промислена едноставност, природна ненаметливост и суптилна сензуалност. Тој совршен спој на француски шик и британска лежерност и денес претставува инспирација за современата мода, а нејзините ќерки го интерпретираат секоја на свој, автентичен начин.
Шарлот Генсбур се одлучи за изразено француска модна комбинација – истовремено елегантна и опуштена: кафеаво сако со црвен топ, широки фармерки и бордо чизми, дополнети со црн кожен класичен мантил и морнарско сина капа.
Покрај неа, Лу Дујон избра сиво одело со линии, надополнето со волнен шал носен „на француски начин“ и чизми со потпетица, со што целата комбинација доби боемски и рок-изглед.
Две различни модни комбинации, но еден заеднички дух. Духот на Џејн Биркин,тивка, достоинствена и елегантна модна почит.


