Дубарџии од Тетово лажеле дека учествувале во сообраќајка, ќе одговара и тој што ги советувал да бараат отштета
Шестмина жители на Тетово и Тетовско, како и еден жител на Кочани, кривично ќе одговараат за измама, откако двајца од нив имале сообраќајна несреќа, но потоа ги викнале и другите за да излажат дека и тие биле во автомобилите, со намера да земат отштета, соопшти МВР.
Препорачано
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово, И.Р.(38) од с.Градец, гостиварско и Н.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.Б.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. На 03.06.2025, прво и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, со намера да се стекнат со противправна имотна корист посочиле дека како учесници во истата сообраќајна незгода биле и трето, четврто, петто и шесто пријавените и покрај тоа што тие не биле учесници. Додека, седмопријавениот ги советувал пријавените како да постапат, односно да се упатат во Клиничка болница Тетово и да се пријават како учесници во сообраќајна незгода со цел да се стекнат со паричен надомест“, пишува во полициското соопштение.
Жена од Челопек сведочи за напад во домот: „Ми фрли ќебе преку глава и ме фати за гуша“


