Дуа Липа направи онлајн концерт кој го следеа повеќе од 5 милиони луѓе

Instagram

Дуа Липа во петокот, на своите обожаватели им го подари својот прв онлајн концерт „Studio 2054“, а таа вечер го следеа повеќе од пет милиони луѓе од сите делови на светот.

Пејачката ги воведе своите обожаватели во нејзиниот светкав свет. Виртуелното шоу досега има собрано над 5 милиони прегледи, вклучувајќи над 1,9 милиони прегледи од Кина, 95 000 од Индија.

Линкот за гледање на концертот ќе биде достапен до недела до 23:59 часот на „live-no.com“ со билети по цена од 10 американски долари.

Instagram
Instagram

Онлајн концертот на Дуа Липа се пренесуваше во живо од голем магацин, а пејачката пееше и танцуваше нешто повеќе од еден час со специјално креирана сценографија.

Јас сум исклучително горд на Дуа и огромниот тим што стои зад овој неверојатен перформанс“, изјави Бен Моусон од музичкиот менаџмент „TaP“.

Моусон вели дека било навистина важно Дуа да создаде нешто што ќе ги надмине границите на вообичаено шоу во живо и таа ги надминала очекувањата на сите.

Премногу сум возбудена да ве известам дека „Studio 2054“ имаше над 5 МИЛИОНИ гледачи на глобално ниво во петокот вечерта! Ви благодарам на сите!“, напиша пејачката заедно со фотографии од шоуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот