Дуа Липа ја тужат поради објава на сопствена фотографија, мора да плати вртоглава сума

дуа липа
Дуа Липа / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Британската пејачка Дуа Липа добила тужба и тоа, бидејќи на својот инстаграм-профил објавила своја фотографија!

Имено, спорната фотографија е во сопственост на еден од локалните папарацо-фотографи, поради што за користење на оваа фотографија се потребни авторски права и дозвола, кои пејачката секако ги немала.

Компанијата „Интеграл имиџес“ на 6 јули покренала тужба на осум страни против познатата пејачка, обвинувајќи ја за кршење на авторските права. Компанијата бара отштета од 150.000 долари, покривање на сите трошоци за парница и правни такси. 

Како што стои во тужбата, Дуа Липа објавила „без дозвола и одобрување“ една од нивните фотографии  На оваа фотографија, пејачката со голем шешир го напушта аеродромот.

Фотографијата е објавена во февруари на нејзиниот профил на Инстаграм, а „Интеграл имиџес“ напоменува дека пејачката ја користи таа социјална мрежа како маркетиншка алатка.

Законот за авторско право обично значи дека фотографот, а не субјектот на сликата, ги поседува правата на фотографијата.

„Интеграл имиџес“ ги добија авторските права за таа фотографија на 20 февруари 2021 година – две недели по објавувањето на Липа – според записите од Канцеларијата за авторски права на САД кои ги прегледал Би-би-си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Дуа Липа не е првата славна личност која е тужена поради споделување на своите „папарацо“ фотографии на социјалните мрежи.

Манекенката Џиџи Хадид, актерот Лиам Хемсфорт, ријалити ѕвездата Клои Кардашијан и пејачите Аријана Гранде, Џастин Бибер и Џенифер Лопез исто така се соочија со слични ситуации претходно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот