Државјани на Колумбија печателе лажни евра

Европол / Фото Архива

Количината на опрема и суровини запленети во нивните домови укажува на тоа дека илегалната печатница што ја основале во Шпанија имала почетен производствен капацитет од околу 300.000 фалсификувани банкноти од европската валута.

Минатиот месец со поддршка од ДЕвропол во Шпанија и Романија биле откриени две печатници кои печатели и во оптек пуштале лажни евра и романски леи.

Во операцијата во Шпанија уапсени се двајцата главни осомничени, државјани на Колумбија, и претходно познати на локалните власти за слични активности.

Количината на опрема и суровини запленети во нивните домови укажува на тоа дека илегалната печатница што ја основале во Шпанија имала почетен производствен капацитет од околу 300.000 фалсификувани банкноти од европската валута.

Соработката меѓу колумбиските и шпанските власти овозможила следење на криминалните активности во нивната рана фаза и спречена е можност за значителен износ на фалсификувани евра да стигнат до монетарниот систем на ЕУ, се наведува во денешното соопштение на Европол.

Романската полиција уапси еден од најголемите фалсификатори на полимерни банкноти, а покрај опремата што се користи за фалсификување, во куќата на главниот осомничен биле запленети фалсификувани банкноти во вредност од околу 8000 евра, недовршени фалсификувани банкноти и репроматеријали.

Како што се наведува во соопштението, оваа илегална печатница почнала со работа во 2014 година, кога во Романија се појавиле во оптек првите висококвалитетни фалсификувани леи, а оттогаш се откриени 17.065 вакви банкноти, кои предизвикале финансиска штета во висина од околу 352.500 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот