Запорожје/ Фото EPA-EFE/RUSSIAN EMERGENCIES MINISTRY

Дрон ја оштети нуклеарката Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вчера соопшти дека метеоролошката опрема за мониторинг во нуклеарната централа Запорожје во Југоисточна Украина, која е под руска контрола, е оштетена од беспилотно летало, објави „Ројтерс“.

Централата Запорожје, најголема во Европа со шест реактори, беше заземена од руските сили во првите недели од инвазијата на Москва врз Украина во февруари 2022 година. Оттогаш, двете страни редовно се обвинуваат меѓусебно за воени дејствија што би можеле да ја загрозат безбедноста на централата, која се наоѓа во близина на линијата на фронтот.

Објавувајќи на социјалната мрежа „Икс“, МААЕ соопшти дека тим од нејзини експерти ја посетил Лабораторијата за надворешна контрола на радијација на станицата, еден ден откако руското раководство на централата соопшти дека таа била погодена од беспилотно летало.

„Тимот забележа оштетувања на дел од метеоролошката опрема за мониторинг на лабораторијата, која веќе не е функционална“, соопшти МААЕ, нуклеарниот надзорен орган на ОН.

Путин се плаши дека му се спрема атентат

Во соопштението се наведува дека генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, упати нов апел „за максимална воена воздржаност во близина на сите нуклеарни постројки за да се избегнат безбедносни ризици“.

Централата, која сега не произведува електрична енергија, била погодена неколкупати од беспилотни летала од почетокот на конфликтот. Раководството на централата завчера соопшти дека штетата е мала и дека операциите не се засегнати.

Еден од надворешните далноводи на станицата, потребен за ладење на нуклеарното гориво, е во дефект уште од крајот на март, а МААЕ минатата недела соопшти дека се обидува да договори локален прекин на огнот за да се извршат поправките.

Гроси има направено неколку посети на централата Запорожје откако таа дојде под руска контрола, а МААЕ постави постојани набљудувачи во Запорожје и во трите други функционални нуклеарни централи во Украина.

ВИДЕО | Украина ја нападна Русија со дронови и со „фламинго“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот