Дрогба го советува Осимен да не продолжи со Наполи

Виктор Осимен („Наполи“)/фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска Дидие Дрогба имаше коментар нигериската фудбалска ѕвезда на Наполи и соиграч на Елиф Елмас, Виктор Осимен кој има важечки договор со клубот од Неапол до 30 јуни 2025 година.

Според Дрогба, играчот на најверојатно новиот шампион на Италија не треба да остане во јужниот дел на земјата, бидејќи Наполи едноставно не е од рангот на Осимен.

Дрогба најпрвин го советуваше јавно да го избере ПСЖ, а на крајот можно е да одлучи популарноста на Манчестер јунајтед.

– Доколку ПСЖ навистина го сака Осимен, тоа е сериозна потврда за неговиот талент и настапите кои ги покажа оваа сезона. Но, ПСЖ не е клубот за кој треба да размислува доколку сака да напредува во кариерата – вели поранешната ѕвезда на Челси, Дрогба.

Сезонава во италијанската Серија А Осимен има учинок од 21 гол во 24 настапи.

ПСЖ, Челси и Манчестер јунајтед се подготвени да понудат 150 милиони евра и сега на одличниот напаѓач е да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот