Дрога, оргии, разврат: Темната тајна на светот во кој живеат најбогатите луѓе

илон маск
Фото: Илон Маск / Фото: EPA-EFE/Patrick Pleul

Иако светот беше шокиран од новата секс-афера на Илон Маск, ќе испадне дека Маск е само врвот на ледениот брег. Во оваа приказна, епицентарорт на развратот се наоѓа во Силиконската долина, дом на некои од најбогатите луѓе во светот. Има забави со многу дрога и разврат, а главни посетители обично се технолошките магнати – меѓу кои ин Маск.

Илон Маск/Никол Шанахан/Сергеј Брин/Фото: EPA/PETER FOLEY Твитер/Профимедиа

Гости на забавата на „работ на светот“ организирана од истакнатиот капиталист во неговата куќа на плажа надвор од Сан Франциско беа Илон Маск, како и ко-основачот на Google, Сергеј Брин – кои се меѓу најбогатите луѓе во светот.

 

Маск истакна дека настанот бил „досаден и корпоративен, никаде нема секс или голотија“. Меѓутоа, една жена која работела на забавата видела нешто сосема спротивно. Таа истакна дека се нашла со два пара на подот од дневната соба, која била покриена со бело вештачко крзно и перници.

Неколку луѓе почнале да разменуваат нежности , а потоа и понудиле екстази во прав. Таа не сакала да се дрогира, и тврди дека Маск сакал да ја бакне, додека неговата сопруга го охрабрувала да го стори тоа .

Ваквите настани се злоупотреба на моќта , изјавила анонимната жена. Нејзиното разоткривање во 2018 година ја откри тајната темна страна на Силиконската долина.

Додека оние кои го водат светот на Гугл, Фејсбук, Амазон и Убер тврдат дека го менуваат општеството на подобро, приватно тие не се ништо подобри од адолцентните момчиња кои му се препуштиле на светот на дрогата – поттикнувајќи оргии каде жените се омаловажуваат и злоупотребуваат. изјавија сведоци на настаните..

Друг гостин на забавата, Пол Бигар, подоцна изјави дека секс забавата била „полоша отколку што звучи“.

„Пред да тргнеме, ни беше укажано дека не треба да се плашиме од работите што се таму, фотографирањето не беше дозволено“, рече тој.

 

Што се однесува до овој настан, Маск истакна дека „ и ако се организираат секс забави во Силиконската долина – тој никогаш нити слушнал ниту пак учествувал во нив“.

„Ако сакате бурни забави, или информации за нив, се обраќате на погрешна адреса“, изјави Маск.

илон маск
Фото: EPA

Денес, Илон Маск продолжува да ги демантира овие настани, најмногу поради информациите дека имал кратка врска со Никол Шанахан, сопругата на Сергеј Брин, еден од основачите на Google.

„Работам многу и едноставно немам време за несериозни надмудрувања и провокации “, рече тој. Наспроти тврдењата дека споменатата афера го уништила неговото пријателство со Брин, тој на социјалните мрежи сподели фотографија дека бил со него на забава претходната вечер.

Маск на Твитер го истакна следново: „Никол ја видов само два пати во три години, и двата пати со многу луѓе околу себе. Ништо романтично“.

Емили Ченг, авторка на Бротопија, опишува забави каде што на мажите им е дозволено да земат жени колку што сакаат, се додека не се придружувани од други мажи. Некои ги носат своите сопруги и девојки. Штом заврши вечерата, а се јаде од телата на голи жени, на масата се става дрога.

Потоа гостите се делат во парови, тројки или поголеми групи. Некои се повлекуваат во посебни соби, а некои имаат секс пред сите.

„Ноќта се претвора во ден, групата се собира на појадок, по што се враќа на секс. Јадете, се дрогирате, имајте секс и така цела ноќ“, пишува Ченг.

 

Бил Гејтс
Бил Гејтс / Фото: EPA-EFE/HOLLIE ADAMS

Она што е толку невообичаено е што толку малку луѓе во технолошкиот свет се имуни на ваквото развратно однесување. Дури и коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, има своја друга страна. Минатата година, по неговиот развод со долгогодишната сопруга Мелинда, следеа обвинувања за стриптиз забави покрај базен и вонбрачни афери.

Како студент на Харвард, Гејтс сакал да ја посетува озлогласениот кварт во Бостон, каде се одржуваат порно шоуа, и каде има стриптизети и проститутки, вели биографот Џејмс Валас. Подоцна го напуштил колеџот и се вратил во Сиетл за да го основа Мајкрософт. Во својот дом ќе организираше „диви ергенски забави“. Наводно ангажирал танчерки да танцуваат на забави и да пливаат голи со неговите пријатели, напиша Валас.

Има и други примери. Во мај беше објавено дека поранешна стјуардеса во компанијата на Маск SpaceX тврдела дека компанијата и платила 250.000 долари откако Маск ја пипнал и ја запросил за време на летот за Лондон. Тој ги негираше овие тврдења.

Особено впечатлив пример за ваквото однесување е наводно сеприсутната традиција на одење во локални стриптиз клубови на ручек во Силиконската долина. Жените во индустријата истакнуваат дека не можат да го сокријат својот невкус кон мажите кои изгледаат убедени дека нивното огромно богатство сега ги прави неодоливи за жените кои , до само пред неколку години, не би ги ни погледнале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот